Пожар во штала во општина Бутел

by fokus 09:24
09:24

Во пожар, кој изутрината ибувнал во штала со помошен објект на улицата „Мрежичка“ без број во општина Бутел, предизвикана е материјална штета од околу 120 илјади денари.

Како што информира Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот кај нив бил пријавен телефонски во два часот изутрината.

- Advertisements -

Во гаснењето интервенирале три возила и седум пожарникари од 2 до 4:30 часот изутрината.

Во пожарот биле зафатени 150 метри квадратни.

Поврзани новости