Пожар во македонска црква во Австралија

by Фокус 10:24
10:24

Само неколку часа по велигденскиот собир, се запали црквата Христовото Воскресение во Рокдејл, јавуваат австралиските медиуми. Четири луѓе се хоспитализирани при пожарот што избувнал од покривот, велат очевидци. Првите сомнежи се дека пожарот избувнал од неизгасната свеќа.

Според тамошните медиуми за време на интервенцијата на 60 пожарникари, тројца од нив биле повредени.Во близина на црквата се наоѓа и дом за стари лица, кои веднаш биле евакуирани.

- Advertising -

 

Поврзани новости