Пожар во магацин со дрва и буриња нафта, спречена поголема катастрофа

by fokus

Нема поврдени во пожарот што доцна синоќа избувна во магацински простор во Кавадарци, за МИА денеска потврди Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица.

-Изгоре дел од магацинот, но спречивме пламените јазици да ги зафатат околните објекти. Ризикот за такво нешто беше голем, бидејќи во магацинот имаше дрва и буриња со лесно запалива течност, нафта, нагласи Богевски.

Противпожарната единица на лице место интервенирала со две возила и пет пожарникари.

Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Поврзани новости