Пожар во фабрика за пластика во Трубарево, петмина полицајци задушени од чад и веднаш пренесени во Клинички центар

by fokus

Поради задушување од чад во пожар што избувнал ноќеска во фабрика за пластика во скопско Трубарево петмина полициски службеници биле пренесени во комплексот клиники и по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување, информира Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Пожарот  бил пријавен во СВР Скопје синоќа во 23:40 часот, а бил изгаснат изутрината во 06:50 часот од Бригадата за противпожарна заштита.

Поврзани новости