Пожар во Домот „25 Мај“ во Скопје

by Fokus

Ноќеска околу 01,00 часот во Скопје на ул. „Александар  Урдаревски“ во Дом  „25 Мај“, од засега непознати причини настанал пожар на првиот кат во женскиот оддел, во соба во која биле две малолетни девојки.

МВР информира дека опожарени се два кревета, шифоњер и друга покуќнина.

Од страна на Бригадата за против пожарна заштита пожарот е локализиран.

 

Поврзани новости