Пожар во близина на Царев Двор

by fokus

Голем пожар попладнево избувнал во близина на селото Царев Двор, информира командирот на Територијалната противпожарна единица во Ресен, Ристе Илиевски.

Според него, пожарот во ресенската пожарна бил пријавен во 14 часот, а нивни екипи интервенираат на терен со две противпожарни возила и четворица пожарникари.

– Гори ѓубре, сува трева, овошни насади и бавчи. Зафатена е голема површина. Пожарот се шири од селото Царев Двор кон паркот на природата „Езрани”, но нема опасност за куќите – изјави Илиевски за МИА.

Првичните информации се дека е предизвикана голема материјална штета.

Поврзани новости