Пожар кај Порто Карас во Грција, македонски туристи се заглавени

by Fokus

Шумата во Порто Карас на вториот крак во Грција во моментов е зафатена од голем пожар. ТВ Нова јавува дека таму има и голем број туристи од Македонија.

Екипите кои се обидуваат со авиони да го изгасат пожарот се на терен. Дел од туристите се заглавени од огнената стихија која се прошири во близина на патот, поради што не можат да се засолнат подалеку од пожарот.

Пожарот зафатил претежно ниска шума и грмушки, но значителниот ветер во голема мера им ги отежнува условите на противпожарните екипи кои се излезени на терен со неколку противпожарни возила.

Поврзани новости