Позади Фејсбук страницата на 1ТВ стои зетот на Боки 13

by fokus 23:52
23:52

Откако со неколку статуси, официјалната Фејсбук страница на некогашната 1ТВ предизвика интерес во јавноста и покрена прашање кој стои зад неа, денеска авторот сам се откри. Станува збор за Борис Нешовиќ, зет за прва братучетка на Бојан Јовановски.

Во денешниот статус, тој пишува:

-Прашање на денот, зошто обвинителката Русковска не го поучила и не го упатила криминалниот “сведок” Јордан Камчев случајот “Рекет” да го пријави во МВР, како што денеска самата апелираше кога од страна на обвинетиот Бојан Јовановски на денешното рочиште беа изнесени информации за нејзина инволвираност во корупција од 4 милиони евра? Дали денешната реакција на Русковска покажува дека законите не се еднакви за сите граѓани или пак е реакција на паника?
Доколку Јовановски навистина поседува несоборливи докази како што денеска самиот изјави пред судот за таков криминал, законска должност е веднаш да биде изведен пред надлежен обвинител.
Сите содржини објавени на нашите профили ќе бидат во интерес на вистината базирани на факти и докази
Автор:
Уредник на страницата 1tv.mk и администратор на профилите на социјалните мрежи
Б.Нешовиќ.

- Advertising -

Поврзани новости