Повторно сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

by fokus

На автопатот Гостивар-Тетово предмалку се случила сообраќајна несреќа, а во моментот сѐ уште нема информации дали има повредени.

На социјалната мрежа фејсбук, возач објави фотографија од сообраќајката со предупредување до другите учесници во сообраќајот да бидат внимателни.

Пред два дена на истиот автопат, кај наплатната рампа се случи уште една сообраќајка во која загина 51-годишна жена од Кичево, а тројца патници беа повредени.

Поврзани новости