Повторно се бара одземање на имунитетот на Груевски за притворот што му е изречен за пет судски предмети

by Fokus

Никола Груевски се уште го има пратеничкиот мандат, но Кривичниот суд побара од Собранието одземање на имунитетот врз основа на мерката притвор што му е изречена за пет судски предмети.

Пет барања за одземање на имунитетот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски, кој избега и доби политички азил во Унгарија, се испратени до Собранието. Тие ќе бидат разгледувани на утрешната седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, чиј претседател е Павле Богоевски.

Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот мерцедес, но пред да започне да ја отслужува затворската казна, избега во Унгарија.

Поврзани новости