Повторно протест за зградата кај Мајчин дом

by fokus

Група револтирани граѓани се собраа попладнево кај парцелата пред Мајчин дом, откако утрово инвеститорот ја реактивираше градбата на висококатницата, објави порталот НОВА.

Граѓаните велат дека се разочарани што и покрај нивните протести зградата сепак ќе биде изградена.

– Сакаме Аеродром да дише бара оставка од градоначалникот Златко Марин затоа што се покажа дека тој не умее да ги исполни своите предизборни ветувања. Деновиве сме сведоци на промена на Уставот, што значи дека возможно е да се промени и ДУП-от – изјави активистката Искра Манојлоска од иницијативата.

На протестот не беше забележано полициско присуство и се одвиваше во мирна атмосфера.

Поврзани новости