Повторно прегазен велосипедист, возачот побегнал

by Фокус 18:05
18:05

Дванаесетгодишно дете вчера во Тетово било удрено од автомобил, додека го возело својот велосипед. По сообраќајната несреќа, возачот побегнал од местото на настанот. Поради телесните повреди, детето било префрлено во тетовската клиничка болница, а потоа било пуштено дома. Полицијата извршила увид на местото каде се случила сообраќајната несреќа и работи на пронаоѓање на возачот.

Според СВР-Тетово, во изминативе девет месеци биле повредени 52 пешаци. Од нив, 15 биле со тешки телесни повреди, а остнанатите 37 поминале со полесни повреди.

- Advertisements -

Поврзани новости