Повторно победник: Opel Zafira шампион за вредност за 2018

by Fokus 13:57
13:57

• Експертите на Schwacke повторно ја потврдуваат остаточната вредност на лидерот во класата на компактни ванови
• Opel ADAM и InsigniaGrandSport исто така се на подиумот

Риселсхајм. Уште една титула во колекцијата: Opel Zafira повторно е “Шампион на вредноста”. Независните пазарни набљудувачи на Schwacke (Шваке) и магазинот за автомобили AutoBild им им дадоа почест на возилата со најстабилна вредност во Германија.

- Advertisements -

Откако го освои првото место минатата година, Zafira повторно ја освои титулата во компактната класа. Со резидуална (остаточна) вредност од 53,61 проценти по четири години и 80,000 километри, Zafira1 повторно ја зазема врвот во предвидувањата на Schwacke. Флексибилното возило на Opel е редовен кандидат за ова признание за стабилност на вредноста: моделот сега по петти пат ја освои наградата.

“Opel Zafira е најдобриот пример за доверливоста на возилата од Риселсхајм. Нашиот компактен ван сјае не само со својот сестран концепт на седење за седум патници, туку и со задржување на вредноста. Нашата посветеност е да ги направиме најсовремените автомобили и технологии достапни за нашите клиенти. Ова јавклучува и економичноста. И експертите од Schwacke потврдуваат дека Zafira навистина се исплати “, рече ЈиргенКелер, извршен директор за продажба, маркетинг и постпродажба во Германија на церемонијата на доделувањето во Берлин.

Opel ADAM2 и Opel Insignia Grand Sport3 се исто така меѓу лидерите во нивните сегменти. Индивидуалниот урбан автомобил го освои второто место во годинешната мини категорија (56,66 проценти остаточна вредност), а динамичната и елегантна лимузина Insignia Grand Sport го зеде третото место во средната класа (52,30 проценти остаточна вредност).

Еднаш годишно, Schwacke (Шваке) ги разграничува моделите кои имаат најниска амортизација, при што експертите даваат прогноза за четири години. Одредувањето на резидуалната (остаточна) вредност е сложен процес во кој Шваке исто така го испитува и оценува концептот на возилото, квалитетот и дизајнот, опсегот на опремата и додатоците, цената, оперативните трошоци, како и животниот циклус на возилата.

1. Opel Zafira Business Innovation 1.6 со директно вбризгување Turbo со 147 kW / 200 КС и старт/стоп (NEDC потрошувачка на гориво: градско 9,0 – 8,6 л/100 km, екстра-градски 6,0 – 5,8 л/100 км, комбинирано 7,1 – 6,8 л/100 км, 164 – 157 г/км CO2)
2 Opel ADAM 1.2 со 51 kW / 70 КС и старт/стоп (NEDC потрошувачка: градско 6,3 л/100 км, екстра-градски 4,1 л/100 км, коминирано 4,9 л/100 км, 116 – 115 г/км CO2)
3 OpelInsigniaGrandSport 1.6 ECOTEC Diesel со 81 kW / 110 КС и старт/стоп (потрошувачка на гориво измерена според WLTP и претворена во NEDC: градски 5,2 л/100 км, л/100 км, комбинирано 4,4 л/100 км, 116 г/ км CO2)

Поврзани новости