Повторно одложено судењето на Божиновски

by fokus

Судењето на новинарот Зоран Божиновски денеска повторно беше одложено, бидејќи случајот го презела нова адвокатка.По нејзино барање, судењето се прекина, за таа да направи увид во предметот, за да подготви одбрана.

Судењето е закажано за 10 ноември, а до тогаш новинарот останува во притвор.

Инаку, денеска на почетокот од судењето, кога почна да се чита обвинението, Божиновски кај квалификацијата „злосторничко здружување“, реагирал дека не е тој дел од такво нешто, дека не прифаќа такво обвинение и оти судијката што го води неговиот случај и Основниот суд Скопје 1 каде таа работи се злосторничко здружување, заедно со обвинителството. На ова судијката од одбраната на Божиновски побара да го стиши и да му укаже дека има законска обврска пристојно да се однесува во судот.

За постојаното одложување на судењето пак, реагираа од Здружението на новинари на Македонија,кои бараат да се повлече обвинението против Божиновски.

Потпретседателот на ЗНМ, Томислав Кежаровски, рече дека институциите кои толку многу инсистираа да се екстрадира Божиновски од Србија, сега непотребно ја одлагаат постапката. Ако имаа докази тогаш зошто им беа потребни скоро четири месеци да го обвинат, праша Кежаровски.

Поврзани новости