Повторно насилни протести во Србија, едно лице е повредено со нож во Белград

by Фокус

По вчерашните мирни протести во Србија, денес повторно се регистрираат инциденти.

Пред српскиот парламент во Белград вечерва се случи инцидент, во кој на едно лице му е нанесена повреда со нож, а потоа се уапсени три лица.

Приведените се веднаш префрлени со полициско возило во станица.

Во меѓувреме, како што јавуваат српските медиуми, демонстрантите ја напаѓаат полицијата.

Тие ги скршиле вратите и прозорците на портирницата и влегле во Собранието.

Поврзани новости