Повторно изгласани реформските закони кои Иванов одби да ги потпише

by fokus

На денешната собраниска седница која почна попладнево пратениците без дебата повторно ги изгласа реформските закони кои претседателот, Ѓорге Иванов, одби да ги потпише затоа што го носат новото уставно име на државата. На седницата присуствуваа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за Законот за електронски комуникации, за Агенцијата ОТА, за едношалтерскиот систем, за данокот на додадена вредност, изгласан беше и законот за продажба и давање под закуп деловен простор, законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и законот за безбедност во сообраќајот.

Пратениците со двотретинско мнозинство го изгласаа и законот за Влада кој предвидува формирање на ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, кое ќе ги преземе надлежностите од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

На почетокот на денешната седница, заменикот претседател на Собранието, Горан Мисовски, соопшти дека по координација со координаторите на пратеничките групи било усогласено да се продолжи со гласање по точките, без расправа, по Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието.

Поврзани новости