Повторно голема бројка на заразени во Србија

by Fokus

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 19.214 нови случаи на корона вирус, врз основа на 39.473 тестирани примероци.

Како резултат на оваа инфекција, починале 58 лица, соопштија здравствените власти во таа земја, а во болниците ширум Србија на респиратори се 148 пациенти, а хоспитализирани се вкупно 3.848 пациенти.

Поврзани новости