Повредено седумгодишно дете откако возач удрил во него и избегал

by fokus

Седумгодишно дете се здобило со телесни повреди откако возач удрил во него на улицата „Радован Ковачевиќ“ во Скопје и избегал. Полицијата трага по возачот

„На 18.03.2018 во 13.30 часот непознато возило управувано од непознат возач, удрило во седумгодишно дете од село Гошинце, општина Липково, по што го напуштил местото. Детето се здобило со повреди и било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.

Поврзани новости