Повредено четиригодишно девојче во сообраќајка во Теарце

by Fokus

Четиригодишшно девојче  од Теарце денеска е повредено, откако на него налетало возило, информираат од МВР.

Според полицијата, несреќата се случила  околу 11 часот, на локалниот пат во тетовското село Теарце, кога патничкото возило „ауди А4“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 24-годишниот Б.Е. од село Глоѓи удрило во девојчето. При ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди, фрактура на лева нога, и веднаш е пренесено во тетовската клиничка болница.

По укажаната помош, девојчето е пуштено на домашно лекување.

Поврзани новости