Повредени четворица работници во „Макстил“, се излеало стопено железо

by fokus

Четири повредени работници од фабриката „Макстил“ утринава биле донесени во Клиничкиот центар „Мајка тереза“.

Еден од повредените работници е во потешка здравствена состојба, а останатите здобиле со телесни повреди. Сите имаат повреди настанати од изгореници.

Несреќата се случил околу 06.50 часот, кога ливна јама од 100 тона, полна со стопен метал, се откинала и паднала. Од падот се ослободило стопеното железо кое веднаш предизвикало пожар и ги повредило четворицата работници кои биле во непосредна близина.

Поврзани новости