Повредена жена во вчерашното невреме, паднала во Маркова Река поклопена од дрво

by fokus

55-годишната В.С. од Скопје се здобила вчера со тешки телесни повреди откако ја поклопило дрво додека седела со нејзиниот син до Маркова Река. Кога почнал да дува силниот ветар, дрво се скршило и ја бутнало по што таа паднала во реката.

„Вчера во 15:35 часот било пријавено дека позади Марков Манастир до Маркова Река има повредено женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за лицето В.С. (55) од Скопје. Таа со нејзиниот син Д.С. (25) седела до Маркова Река. Околу 14:30 часот почнало да врне и дува силен ветар, при што паднало дрво врз В.С. и таа паднала во реката. Од страна на нејзиниот син и други граѓани дрвото било тргнато, а В.С. била извадена до реката. Поради здобиените повреди таа била префрлена во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Поврзани новости