Повреден полицаец во Чаир, го познавал пукачот од Арачиново

by fokus

Едно лице вечерва е повредено во пукање во скопската населба Чаир, а „Фокус“ неофицијално дознава дека станува збор за полицаец кој во моментот не бил на службена должност.

Според неофицијални информации, повредениот го познавал лицето кое во него пукало.

Од МВР пак само кусо соопштуваат дека имало пукање при кое е повредено лице со иницијали Р.М.

-На 03.09.2022 во 21.16 ч од УЦ- Мајка Тереза пријавено е дека кај нив е донесен Р. М. (24), повреден од огнено оружје на ул.Методија Митевски во Скопје. По кажување на Р.М., во него пукало лице од с.Арачиново. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

К.С.Б.

Поврзани новости