Повлечена студијата за опасноста од користење на лекот против маларија за корона

by Fokus
Едно од светски најпрестижните и највлијателни медицински списанија Лансет ја повлече студијата за лекот хидроксихлорохин која ја објави на 22 мај. Студијата за која се велеше дека опфатила речиси 96.000 пациенти заразени со коронавирус, покажуваше дека хидроксихлорокинот и хлорокинот не само што не даваат добри резултати во лечењето, туку можат да ја зголемат веројатноста за смрт во болничките установи.

Поврзани новости