Повлечен авансот за набавката на кинеските вакцини, но договорот не е откажан, велат од МЗ

by fokus

Министерството за здравство го повлекло авансот што го даде земјава за набавката на кинеските вакцини „Синофарм“, но договорот за вакцините не е откажан, велат од Министерството за здравство.

Објаснуваат дека уплатата била повлечена на барање на Кина поради усогласување на документацијата.

-Авансната уплата која Министерството за здравство ја изврши за набавка на вакцината Синофарм, по барање на кинеското Министерство за надворешни работи беше повлечена заради усогласување на документација, на нашето МНР и МНР на Народна Република Кина. Разговорите се во заврша фаза, не станува збор за откажување на договорот, вакцините против Ковид 19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја, велат од Министерството за здравство.

Земјава очекува руски и кинески вакцини, како и вакцини од производителот „Фајзер“ кои се бараа преку директни преговори со компанијата. Досега стигнаа само над 8.000 донирани вакцини од Србија со кои се вакцинираат здравствените работници.

Поврзани новости