497
На социјалните мрежи се шири повик за протест во кој се повикуваат сите граѓани да излезат на плоштадите во градовите, под мотото „Да ставиме крај на диктатурата“.
Во повикот се посочува дека протестот ќе се одржи на 7 февруари, во сабота, при што незадоволните граѓани од земјава, без разлика на нивната политичка, верска и етничка припадност ќе се соберат да го кренат гласот против актуелниот режим.