Повик: Писателите и издавачите да донираат книги за поплавите

by Fokus

Волонтерите од ФБ-групата за помош на настраданите во поплавите во Скопје, јавно ги повикуваат сите македонски писатели и издавачи да се вклучат во активностите, со повик „И перото спасува живот“.

Се повикуваат од утре, со почеток во 10 часот, да донесат дел од тиражите на своите книги, на одделен дел од пунктот во „Сити Мол“ и континуирано, кога се во можност, писателите и лично да се присутни за да ги потпишуваат книгите на заинтересираните граѓани.

Од таму се предлага да си изврши слободна продажба на книги од страна на самите писатели, а веднаш, со собраните средства да се купува она што од теренот на загрозените подрачја се јавува дека е потребно.

Поврзани новости