Повеќе пожари вечерва пустошат низ Македонија

by fokus 23:05
23:05

Активни пожари има во тетовскиот, битолскиот и во охридскиот регион, информира вечерва Центарот за управување со кризи.

Шумскиот пожар кој го опфаќа потегот на манастирот Св.Преображение кон селата Арилево и Горно Дивјаци, општина Крушево е сѐ уште активен. Гори млада високостеблеста дабова и букова шума, нискостеблеста шума, папрат и трње на површина од околу 150 хектари. Во гасењето на пожарот интервенираат пожарникари од ТППЕ Крушево, вработени од ПШС ЈП „Липа“ Крушево, ТППЕ Прилеп и 30 граѓани. Во текот на вчерашниот ден во гасењето на пожарот интервенираа и еден армиски хеликоптер и авиони на ДЗС. Дел од пожарот околу манстирот е локализиран, а остатокот од пожарот е сѐ уште активен.

- Advertisements -

Пожарот над Попова Шапка во атарот на селото Лисец, општина Тетово е активен. Со пожарот е зафатена околу 3 хектари површина со деградирана шума, букова шума и папрат на непристапен терен. Пожарот се шири во правец кон репетиторот. Во гаснењето на пожарот интервенира екипа од ЈП Македонски шуми Лешница и ТППЕ Тетово.

Во охридски регион, активен е пожарот над селото Ќафа. Еден дел од пожарот е ставен под контрола. Гори сува трева и нискостеблеста шума. Интервенираат вработени од ШС Лопушник.

Пожарот во атарот на Маргари-Зрзе во општина Долнени е сѐ уште активен. Гори нискостеблеста шума. Во гасењето на пожарот интервенират од ТППЕ Прилеп. Пожар има и во атарот на селата Радобил-Гуѓаково-Дрен во опш. Прилеп. Пожарот е во стара сеча, но гори и дабова шума. Во негово гасење интервенираат ТППЕ Прилеп и ШС Црн Бор од Прилеп.

 

Поврзани новости