Повеќе од 50 милиони луѓе во Кина отсечени од светот поради карантин во 16 градови

by Fokus

Кинеските власти воведоа забрани за сообраќај во три други градови денеска за да спречат ширење на коронавирусот, отсекувајќи од светот повеќе од 50 милиони луѓе во вкупно 16 градови.

Покрај тоа, во Вухан, што веќе е во изолација, употребата на повеќето возила, вклучително и приватни автомобили, е забранета во центарот. Државните медиуми во Кина известуваат дека само на возилата за достава ќе им биде дозволен сообраќај после полноќ.

Јавниот превоз е прекинат во почетокот на неделата, како и летовите и железничкиот сообраќај.

Околу 6.000 такси возила ќе бидат пренасочени кон периферијата на Вухан, за да им помогнат на граѓаните. Во Вухан пристигнаа 450 воени лекари со искуство во лекувањето на САРС и ебола.

Кинеските медиуми исто така јавуваат дека лекар починал во Вухан од вирусот. За друг лекар, се вели дека починал, но од срцев удар поради исцрпеност после часови прегледи. Досега, 41 луѓе починаа од вирусот, а повеќе од 1.300 се заболени.

Поврзани новости