Повеќе од 22.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

by Fokus

Во земјотресите во Турција и Сирија досега загинаа повеќе од 22.000 луѓе, јави ДПА. Повеќе од 7.000 хуманитарни работници од 61 земја се во Турција и помагаат во напорите за потрага и спасување по земјотресите во понеделникот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.

Вкупно 97 земји испратија помош и за Турција. Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, на лице место има вкупно 141.000 турски и странски спасувачи.

„Повеќе од 76.000 луѓе се евакуирани од областа на земјотресот“, рече Ердоган.

Поврзани новости