Повеќе од 100.000 демонстранти маршираат против Лукашенко

by Fokus

Повеќе од 100.000 луѓе денеска излегоа на улиците на Белорусија обновувајќи ги протестите против оспорениот претседател Александар Лукашенко, и покрај новата насилна реакција на армијата и полицијата, јави ДПА.

Демонстрациите беа организирани со цел симболично да се назначи лидерот на опозицијата во егзил Светлана Тихановскаја за претседател на таканаречената „инаугурација на народот“.

„Света е наш претседател“, се скандираше од луѓето кои маршираа во главниот град Минск, додека други извикуваа „Да живее Белорусија“ и ” Ова е нашиот град “.

Демонстрациите се одржани и како одговор на тајната инаугурација на Лукашенко во средата, што повторно ги поттикна дневните протести, што се следени од се побруталниот одговор на државните служби.

Униформирани мажи беа видени како напаѓаат демонстранти на денешните протести во Гродно и Гомел, што се 50-ти по ред од почетокот на немирите, додава германската агенција.

Во раните вечерни часови на територијата на цела Белорусија беа извршени околу 200 апсења, соопшти Министерството за внатрешни работи, а бројот постојано се зголемува.

Поврзани новости