Повеќе од 1.2 милиони евра потрошени за реклама на ВМРО-ДПМНЕ

by lali 10:42
10:42

Повеќе од 1.2 милиони евра потрошила ВМРО-ДПМНЕ само за реклама и пропаганда за претседателските и парламентарните избори, покажуваат извештаите на партијата, заклучно со 16 април годинава. За последниве седум дена од кампањата се уште не се доставени финансиските извештаи, што значи дека сумата потрошена за реклами најверојатно ќе биде уште повисока.

Според извештаите, за реклама и пропаганда за предвремените парламентарни избори од 5ти до 16ти април потрошени биле 613.770 евра. За овие десетина дена, целата кампања на партијата за парламентарните избори чинела 713.937 евра. Кој донирал за партијата не е познато, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги нема напишано донаторите за кампањата за парламентарните избори.

- Advertising -

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој е потпишан како застапник на извештајот не ни одговори на нашите повици за да образложи зошто не се  напишани донаторите.

За кампањата на претседателскиот кандидат од ВМРО-ДПМНЕ партијата до 11 април потроши вкупно 620.350 евра, што значи дека вкупно партијата одвоила над 1,2 милиони евра за двојните избори годинава. Со оглед на тоа што кампањата се уште е во тек, отворено останува која ќе биде конечната сума потрошени пари за реклама.

Останатите партии за реклами за претстојните парламентарни избори потрошиле видно помалку од владејачката партија. СДСМ потрошил 87.343 евра, ДУИ 293.624 евра, ГРОМ околу 15.000 евра а ДПА околу 2 илјади евра.

Поврзани новости