Повеќе јавни личности со поддршка за утрешниот средношколски марш

by Фокус

Средношколците утре во 12:30 часот ќе излезат на нов средношколски марш под мотото „Борбата продолжува“, кој ќе започне во Градскиот парк. Тие бараат да се укине екстерното тестирање, како и полагањето на државна матура за сите веќе запишани средношколци да се изведува според концептот на полагање кој опфаќа полагање на три екстерни предмети, од кои првиот задолжителен (мајчин јазик), вториот изборен (математика или странски јазик) и третиот изборен (од група предмети, во зависност од видот на средното образование), еден интерен изборен предмет и проектна задача.

Средношколскиот пленум, кој е организатор на овој протестен марш, како и сите средношколци, добија поддршка од повеќе јавни личности, меѓу кои има музичари, активисти и новинари.

 

Поврзани новости