Поведена постапка против две лица за насилство во угостителски објект во Скопје​

by Fokus

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против двајца жители н Скопје, на возраст од 19 и 28 години, за кои постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело „насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Јавното обвинителство, осомничените вчера околу 19:30 часот во просториите на угостителскиот објект „Трибека“ во Скопје, малтретирале, грубо навредиле и ја загрозиле сигурноста на две лица, со што во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

– Осомничените заедно со еден од оштетените влегле во објектот, седнале на маса и го повикале второто оштетено лице да им се придружи. Откако оштетениот им се придружил, еден од осомничените веднаш започнал со тупаници да го удира по лицето. На ваквите дејствија се спротивставило лицето кое заедно со нив влегло во објектот, но осомничените почнале и него да го удираат со тупаници по лицето и носот, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Веднаш потоа, еден од осомничените изреволтиран од зборувањето по телефон на една од гостите, започнал вербално да ја навредува, го одзел нејзиниот телефон и го скршил, а потоа започнал да го крши и инвентарот во угостителскиот објект, се наведува во соопштението.

ЈО додава дека во насока на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор за осомничените.

Поврзани новости