Потврди за 3.275 бегалци во последните 24 часа

by Фокус

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 25.12.2015 издадени се потврди на вкупно 3.275 странски државјани, од кои 1.312 се од машки пол, 687 се од женски, 1.268 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1305, Ирак – 1.048 и Авганистан –922.

Од МВР соопштија дека во периодот од 19.06.2015 до 25.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 369.277 странски државјани.

Поврзани новости