Потврдено: Дудуш го замени дресот на СДСМ со дрес на ДОМ-ЛДП

by fokus

Актуелниот градоначалник на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш на локалните избори ќе биде кандидат на движењето „Одлучно за промени“, покажуваат објавените кандидатски листи од ДИК. Со ова се потврди информацијата која „Фокус“ ја објави викендот.

Со ова, Дудуш дресот на СДСМ го замени со дресот на коалицијата ДОМ-ЛДП, партии кои го формираа движењето „Одлучно за промени“ за овие локални избори. Ова следува откако СДСМ за свој кандидат за Шуто Оризари го избра Ферат Асан.

На партискиот конкурс за кандидати за градоначалници на СДСМ претходно беше пријавена партнерката на Курто Дудуш, Фатима Османовска која е актуелна претседателка на општинскиот Совет на Шуто Оризари. Но, СДСМ се одлучи за Асан, кој беше и кандидат за пратеник од редовите на СДСМ на последните парламентарни избори.

К.С.Б.

 

Поврзани новости