Потврдени 36 нови заболени со Ковид-19, вкупно 1117

by Frosina Fakova

Во изминатите 24 часа се потврдени 36 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Дваесет и две лица од новозаразените се од Скопје, четворица од Куманово, по тројца во Прилеп, Струга и Велес и еден во Битола.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1117. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 389, Куманово – 310, Дебар – 51, Штип-32, Прилеп –103, Тетово – 48, Струга – 53, Велес – 43, Битола –16, Охрид –7, Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2 и Неготино -2

Во изминатото деноноќие направени се 437 теста. Преку ИЈЗ –230, преку Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –22 , Биотек – 35 и Филип Втори (Жан Митрев) –130 . Досега во земјата се направени вкупно 10.859 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се пет нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 54. 18 пациенти се со на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти, од нив 1 веднаш е ставен на респиратор. Хоспитализирани се 37 пациенти, од кои 10 со потешка клиничка слика, а на респираторна машина се приклучени вкупно седум пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат осум ковид позитивни пациенти, од кои три лица се повремено на кислородна поддршка, останатите се стабилни. Примени се 2 лица, со симптоми на вирусот на кои им е земен брис, а тие се сместени во изолација. На домашно лекување се следат 13 пациенти. Прв контролен брис е земен од 7 пациенти, 2 хоспитализирани и 5 кои се лекуваат во домашни услови.

Во штипската болница се хоспитализирани 8, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти.

Поврзани новости