Поцков: Во Гевгелија општинските машини работат само пред избори

by fokus

Зарибаните машини конечно после којзнае колку време повторно се разработеа на гевгелиските улици; се изведуваат мали, ситни проектчиња кои треба да го нашминкаат градот пред изборите и да прикажат дека демек еве локалната власт нешто работи и се грижи за градот и општината, реагира денеска Сашо Поцков од СДСМ-Гевгелија.

-Но, ние гевгеличаните имаме добра меморија. Ние многу добро се сеќаваме што се ветуваше ДПМНЕ во сите досегашни предизборни кампањи и знаеме дека речиси ништо од тоа не е реализирано. Имено, Франгов ветуваше изградба на браната на Конска река, развој на двете индустриски зони кај Прдејци со илјадници нови работни места, изградба на градскиот плоштад, канализација во селата и што ли уште не! Граѓаните поверуваа на овие шарени лаги и два пати му ја дадоа довербата, надевајќи се дека тој ќе ги одржи дадените ветувања. Денес после 7 години од неговите ветувања не е остварен ниту еден голем и значаен проект, рече Поцков.

Од СДСМ прашуваат зошто се гради само пред избори и каде се потрошија парите од минатите 7 буџети на Општината, односно 14 милиони евра.

Поврзани новости