Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

by Fokus

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691 денари, што е зголемување од 836 денари во споредба со март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, односно 21.480 денари (34,3%) од буџетот се издвоени за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), станарина, вода, електрична енергија и греење 6.096 денари (9,7%), лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.455 денари (3,9%).

Во априлската синдикална минимална кошниџа за здравје се издвоени 1.136 денари (1,8%), транспорт 4.615 денари (7,4%), комуникации 3.417 денари (5,5%), рекреација и култура 5.592 денари (8,9%), образование 7.036 денари (11,2%), ресторани и хотели 4.131 денари (6,6%) и останати стоки и услуги 1.100 денари (1,8%).

Според ССМ мерките за ограничување на маржите на трговците имаат половичен ефект, бидејќи, како што наведуваат, намалувањето на цените на основните прехранбени производи е само 6,78 проценти. Оттаму бараат зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра.

Поврзани новости