Потресите во Хрватска не запираат: Нов земјотрес почуствуван кај Петриња

by Fokus

Земјотрес со јачина од три степени по Рихтер е регистриран на подрачјето Петриња, потврди Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот бил почуствуван околу половина час после полноќ, а епицентарот бил меѓу Петриња и Сисак.

Овие потреси се само дел од низата земјотреси кои ја погодија Хрватска уште од 28 декември. Најсилниот земјотрес кој ја погоди централна Хрватска беше на 29 декември и одзема седум животи, додека уништи голем дел од Петриња, Сисак и Глина.

Поврзани новости