Потребни се 7.000 евра за протеза за раката на Марија

by fokus

Пред седум години, Марија Андонова останала со тешкотии во движењето на десната рака, како последица од масивно мозочно крварење.

Прстите и дланката и се неподвижни, а со тоа и самостојното фунционирање и е отежнато. Со цел да се подобри нејзината состојба, потребна е протеза за раката која чини речиси седум илјади евра (430.000 денари), а Марија треба лично да отпатува за Берлин во Клиника за протетика и ортотика.

Со оваа направа, животот на Марија ќе и се олесни и ќе може нормално да ги извршува своите обврски.

Андонова е дипломиран економист, а веќе неколку години работи како офис-администратор, но во изминатиот период е на боледување.

И покрај тешкотиите, како што кажува колешката со која ја дели канцеларијата, Андонова доаѓа некогаш на работа, помага и покажува големи амбиции и се бори со сите препреки.

Броеви за донација:
Телеком 143 131 и ВИП 143 486 (без префикс)
Со секое јавување, се донираат 100 денари.                                                                  Хуманитарна сметка 300001000026192 – Комерцијална банка

Поврзани новости