Потребни се 30 илјади евра за скопјанка да може да дише

by fokus

Цена Димкоска од Скопје има опструктивна белодробна болест и хронична респираторна слабост.

Семејството донело одлука да ја смести на интензивна нега во една приватна болница, каде и е направен оперативен зафат.

Димкоска се наоѓа во подобра состојба, но сепак таа не е во можност самостојно да дише, за тоа што е потребно да се набави апарат за дишење за во домашни услови.

Семејството не е во можност да го покрие болничкото лекување и набавката на апаратот, па затоа информираат дека се потребни околу 30.000 евра и замолуваат за помош од хуманите луѓе.

Број за донации A1: 143 469
Број за донации Телеком: 143 124

Стопанска Банка АД Скопје
Жиро сметка: 200002759263738

Поврзани новости