Потрага по грчкиот амбасадор во Бразил

by fokus

Грчкиот амбасадор во Бразил, Киријакос Амиридис, се води за исчезнат и бразилската полиција почна потрага по него. Тој последен пат е виден во понеделникот во близина на Рио де Жанеиро каде со семејството бил на одмор.

Автомобилот на амбасадорот денеска бил пронајден во Рио. Во него имало само еден изгорен човечки труп. Останките се испратени во лабораторија на експертиза, јави телевизијата Глобо.

Поврзани новости