Потпишувањето на договорот за името утре во 9:30 часот, во понеделник изутрина законот за ратификација на Влада

by Fokus

Метју Нимиц,Федерика Могерини, Јоханес Хан и Розмари Ди Карло, заменичката на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе бидат сведоци на потпишувањето на договорот за името  утре во 9:30 изутрината во  Преспа на грчка страна меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција,Никола Димитров и Никос Коѕијас, објави 24Вести.

Во македонската официјална  делегација освен премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе бидат вицепремиерите Бујар Османи, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски.

Законот за ратификација планирано е да помине на Владина седница во понеделник во 9 часот утрото, по што ќе биде пратен во Собранието.

Поврзани новости