Поткуп на гласачи со прехрамбени производи и вреќа брашно

by fokus 12:14
12:14

Жител на струмичкото село Сушево вчера пријавил во полиција дека се сомнева дека лице од с.Добрашинци попладнето истиот ден извршило поткуп на гласачи односно на две лица од с. Сушево. Како доказ во прилог на пријавата приложени се две фотографии во електронска форма.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека е извршен разговор со наведените лица кои потврдиле дека И.Ц. од с.Добрашинци со бело комбе им донел картонска кутија со прехрамбени продукти и вреќа брашно од 25 килограми.

- Advertising -

Поврзани новости