Потешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

by fokus 09:45
09:45

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупо седум сообраќајки, што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет биле полесно повредени осум лица, а во една сообраќајка била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Единаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло и еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Од сообраќај биле исклучени 13 возачи пред да се стекнат со право на управување и тројца возачи почетници, како и 19 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 76 возила непрописно паркирани.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстрането биле 71 возило.

Поврзани новости