„Потерници” по Пендаровски, Богоевски и Туфегџиќ

by fokus

Флаери во вид на потерници за предавство со ликовите и имињата на Павле Богоевски, Стево Пендаровски и Ивана Туфегчиќ утрово осамнаа во повеќе места низ Скопје.

„Се бара за предавство“ – пишува на флаерите на кои се вметнати неколку точки во кои се обдинуваат дека тие прифатиле работи кои се противуставни, додека во исто време ниту еден од нив не донел било каква одлука во Законодавниот дом.

Функционерите ги оценија флаерите како провокации од ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас сум убеден дека наредбата доаѓа од режимот, односно врвот на ВМРО ДПМНЕ. Се надевам дека следна фаза нема да биде и наредба за физичка ликвидација од страна на режимот –изјави Пендаровски.

Инаку, ова хајка против неистомислениците започна истовремено со протестите против новата владина коалиција. Млади активисти на ДПМНЕ напаѓаат функционери на СДСМ и новинари, нарекувајќи ги „предавници”, ги снимаат со мобилни телефони па ги објавуваат самите на социјалните мрежи.

Поврзани новости