4
Од Јавното обвинителство соопштуваат дека склад за гориво постоел во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, каде во пожар загинаа 59 луѓе а над 150 се повредени. МВР порверува дали имало нафта, се дознава од извори во истрагата.
„При увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот. Сите други околности се испитуваат“, велат од ЈО.
Од Противпожарната бригада на Кочани за МИА потврдија дека во близина на дискотеката има резервоар за нафта, но дека тој бил на друг објект. Оттаму не знаат точно дали и колку нафта имало во резервоарот.