Поставувал електричен кабел и си ги изгорел двете раце

by Fokus

Пеесетгодишен работник од Македонски Брод се самоповредил додека ги извршувал своите работни ангажмани, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 15.00 часот, М.Р. (50) од Македонски Брод,  вработен во фирма која била ангажирана од ЕВН Македонија за монтирање ормари на ограден sид од куќа, се самоповредил.  М.Р. поставувајќи електричен кабел, со клештите предизвикал спој и се здобил со повреда, односно изгореници на двете дланки. Му била укажана лекарска помош во гостиварската болница. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.  

Поврзани новости