Постапката за разрешување најавниот обвинител Љупчо Коцевски во моментов ќе биде запрена, рече премиерот Христијан Мицкоски.
„Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите, кои работат посебно на случајот кој што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат. Да им дадеме шанса да сработат. Кога кажав дека сме задоволни, впрочем можев да видам дека постои една зедничка акција и работа помеѓу МВР и јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица кои што имаат и најмал сомнеж со овој сомнеж. Но тука нема да застанеме, случајот ќе се проширува“ рече Мицкоски.
Тој нагласи дека јавноста е чувствителна и на некои случаи од минататото и дека треба да се види дали обвинителството има амбиција и кај нив да констатира некои неправилности, па да се види дали сме сите за правда или таа треба да биде селективна.