Послушник на Палчо го сокрил пиштолот и моторолите, тврди обвинетиот Манев

by fokus

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обвинетиот Велибор Манев, одговарајќи на прашања на обвинетиот Љупчо Палевски и неговиот адвокат Јовица Страшевски, откри нов детал, засега непознат за јавноста, но и обвинителството.

Поточно тој истакна дека по убиството на Вања, пиштолот и трите мотороли биле ставени во сино ранче, а послушник на Палчо, чиј идентитет не го откри, добил задача да ги уништи доказите.

Манев рече дека досега не го открил овој битен детал, за да го заштити човекот. Бил фамилијарен човек, па да не ја минува истата голгота како него, бидејќи тој воопшто не учествувал во двете убиства.

– Личноста која го има изнесено ранчето од канцеларија, да не речам и тој е негов послушник, што без збор ги има земено и ги има однесено. Доколку го погледнете мојот телефон, на Телеграм, во периодот кога ми се јавува Палевски од Турција, има запис на Телеграм во колку часот ми се јавил. Тогаш ми наредува да пренесам тоа што е земено од канцеларија, пакетот што е земен да биде отстранет и уништен, да не се најде, сведочеше Манев.

Следното рочиште продолжува на 24 март, со сведочење на останатите обвинети.

Поврзани новости